Наскоро се очекува и колективен имунитет кај наставниот кадар, рече министерката за образование Мила Царовска, посочувајќи дека процентот на вакцинирани постојано се зголемува. Според неа, тоа е знак дека наставниците се свесни од потребата од континуитет во наставата.
„Од наставниот кадар 0.05 процент се заразени со коронавирус. Процентот на вакцинирани наставници е висок, над 74 проценти и тие во контиунитет си се вакцинираат. Мислам дека навистина до крајот на месецот ќе имаме соодветно ниво за колективен имунитет кај наставниците. Двапати е повисок бројот од националниот стандард. Тоа покажува висока свесност кај наставниците од потребата во континуитет во настава“ рече Царовска.
Засега нема потреба учениците од настава со физичко присуство, да преминат на онлајн настава. Ова го смета министерката за образование Мила Царовска. Таа додаде дека се следи состојбата, а ако има индикација да се промени сценариото за учење, тоа ќе се направи. Таа рече дека 24 ученици биле новозаразени вчера, но не посочи во кои општини односно градови.