Актуелно

Нема информации за загриженост за „фингерпринт“ апаратите, смета Заев кој не кажа дали има план „Б“ при проблеми со нив

Премиерот Зоран Заев смета дека успешно ќе поминат изборите со отисок од прст, иако се јавија предупредувања дека во истата фирма која кај нас ги набавува апаратите, добавувале опрема и во Авганистан. Таму, резултатите се чекале 5 месеци. Според Заев, нема простор за загриженост. Не одговори дали има втор план, доколку овој пропадне.

„За нас како граѓани пред се и Владата, верувам и за опозицијата целта е да е успешно спроведен. Немаме информации за загриженост, стигнаа првите опреми, се прави првиот тест период. Верувам дека ќе завршиме успешно со процесот. Јас сакам да охрабрам институциите да го следат целиот процес, но истовремено, секој својата одговорност да ја држи до максимум, затоа што сакаме сите успешно да заврши“, рече Заев.

Тој смета дека и процедурата за јавни набавки е целосно транспаретна и исправна.

„Јас имам информации колку што треба премиер да има информации. Владата ги обезбеди парите, а од институциите можат да се добијат информациите. Постапката за набавка е од ДИК во соработка со сите членови. Овој проект се тера заеднички. Одговорно го следиме самиот проект. Тоа што го знам, имаме еден пред се транспарентен процес. Самата постапка помина управна контрола и е одобрена. Помина фаза на жалби, односно запазени се сите процедури за јавни набавки“

На почеток