Нема одлука што со оставките на министрите Венко Филипче и Или Хасани. Премиерот Зоран Заев смета дека е за поздравување тоа што поднеле оставка, тоа значи дека чувството за морална одговорност е разбудено. За него, тагата е голема, а извлечени се и поуки.
„Јас ќе го повторам тоа што го кажав. Ќе чекаме да ги добиеме вештите наоди, форензичките извештаи. Постапката ја води ОЈО. Јас можам да упатам апел, тоа што граѓаните го бараат, а тоа е експертски и професионално да се заврши, колку што може побрзо. Кога ќе бидат соопштени наодите, ќе го кажам и моето мислење за оставките. Моралното чувство за оставка кое го видовме од министрите и директорите е за поздравување. Член 8А е јасен, нема други решенија, не смее да се разрешување. Ако мислите дека целиот народ, Влада, Собрание треба да се распушти, нека го побара тоа. Знаеме да прифатиме одговорност“, рече Заев.
Заев посочи дека се прават сите проверки и на останатите модуларни болници, кои кажа дека се привремени, а во кои се лекувале и ќе се лекуваат уште пациенти болни од коронавирус.
„Чувството за морална одговорност е разбудено. Не може да ја распуштиме државата кога се случуваат несреќи. Тагата е голема. Сите ние сме од крв и од месо, болката е голема. Ние го следиме светскиот и европскиот примат. Заради етички и морални причини можат да преземат тие што сметаат. Треба да не дозволиме да не се случуваат вакви трагедии. Од оваа има поуки, се прават дополнителни проверки на модуларните болници, долг период пред нас ќе биде со долг мониторинг на ваквите проекти“, додаде Заев.