Силен земјотрес ја погоди Албанија. Според сеизмолошките податоци, јачината била 4.7 според Рихтеровата скала. Потресот е осетен и во Црна Гора.
Според Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ), епицентарот бил во близина на црногорско-албанската граница, во близина на Скадар на длабочина од 2 метри.
Утрово имаше и два помали земјотреси. Тие беа на граничната област меѓу Црна Гора и Албанија.