Скопје

Притвореникот Рашковски се шета низ Аеродром со дозвола од судот, поради здравствени причини

Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата за „Лидер“ велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

„Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, изјавија МВР за „Лидер“.

Ова е првпат да се слушне дека притвореник кој е во домашен притвор поради опасност од бегство, слободно шета со судско одобрение. Особено, ако се има во предвид дека притворените лица кои издржуваат притвор, секаде каде одат, се придружувани од полиција.

На почеток