Македонија

Заев за шетањето на Рашковски: Дозволено му е да оди на лекар

Премиерот Зоран Заев од медиумите слушнал дека ексгенреалниот секретар на Владата, Драги Рашковски е виден како шета низ Аеродром наместо да е во куќен притвор. Заев посочи дека му било дозволено на Рашковски да оди на лекар.

„Соопштија органите дека има дозвола од суд, во точен период кога да оди на лекар. Тоа го прочитав од медиумите. Ниту знам зошто е виден да оди слободно или не. Знам дека е точно предвидено колку пати во неделата е дозволено да оди на лекар поради здравствени причини“, рече Заев.

Фотографијата на која се гледа како ексгенералниот секретар на Влада, Драги Рашковски, шета низ Аеродром, е автентична. Ова може да се заклучи по одговорот на МВР во кој велат дека на Рашковски му е дозволено да излегува од дома иако е во домашен притвор, поради здравствени потреби. Од полицијата за „Лидер“ велат дека судија од Кривичен суд му го дозволил ова право.

„Драги Рашковски има дозвола од Основен кривичен суд Скопје 1 со која поради здравствени потреби му се дозволува да се оддалечи од домот за да оди во точен период од денот да ја добие здравствената услуга. Дозволата е за точно определени денови. Во останатиот период од денот (освен периодот од неколку часа, кој му е дозволен од судот) Драги Рашковски ја почитува мерката. Конкретно денеска се направени две проверки од полициски службеници на СВР Скопје и Драги Рашковски ја почитувал мерката која му е изречена, изјавија МВР за „Лидер“.

На почеток