Македонија

Заев не размислува за оставка од морални причини: За Мицковски да дојде премиер?

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зиjадин Села, побара оставка од премиерот Зоран Заев, но првиот човек на Владата нема да даде. Заев кажа дека не размислува да се повлече од морални причини.

„Немам коментар за тоа што го кажал Села. Должен е да каже зошто, ако не каже зошто тоа значи дека е поради желба да дојде на власт. Инаку не гледам зошто. Трагедијата е огромна, болката ќе биде кај сите нас. Да ги почекаме форензичките извештаи. Модуларните болници спасија илјадници животи, а во нив се лекуваат 200 граѓани. Тие се согласно стандардите, проверките се засилени за да се проверат од секаков аспект“, рече Заев.

Заев е дециден дека нема да се повлече за само Мицкоски да дојде на власт.

„Не размислувам. За Мицковски да дојде премиер? Не размислувам. Да ја користат грозотијата на најперфиден начин кога нашата нација е во најдлабока болка. Ќе дојдат кога ќе дадат идеји, кога ќе заслужат. Пусто желба за власт. Нема да се победи, додека се однесуваат вака, нема да победат“, рече Заев.

На почеток