Македонија

Се проверува дали модуларните болници се набавени согласно техничката документација

Обвинителството за организиран криминал и корупција проверува дали јавната набавка за тетовската модуларна болница е со целосна документација, а Основното обвинителство ќе проверува дали изградбата била согласно техничката документација. Обвинителката Вилма Русковска кажа дали се испочитувани процедурите согласно посебниот закон кој го донела Владата.

„Според привичните информации од нашите експерти, ја направиле техничката документација, а од Светска банка направиле корекција на техничката документација. Испративме на колегите, за експертите да проверат дали модуларните болници се направени и набавени согласно техничката документација“, рече Русковска.

Документацијата почнала да се разгледува од утринава. Техничката спецификација била дадена на англиски јазик, која била испратена до тетовското обвинителство, со цел експертите од Германија да се запознаат со истата.

На почеток