Скопје

Здравство не признава дека два лифтови за пациенти во Хируршки центар не работат

Министерството за здравство не признава дека два од четирите лифтови во Хируршките клиники не работат. „Скопје1“ поседува и видеа кои ќе ги објави, а на кои се гледа дека малиот службен лифт со кој се транспортираат пациенти во колички не работи, а вон функција со месеци е и лифтот за цивили. Прашавме и дали овие лифтови не се направени поради тоа што вработените немаат добиено плати, но од Министерството за здравство и тоа го негираат.

„Редовна е исплатата на платите на вработените во Заеднички служби на УКЦ Мајка Тереза. Лифтовите редовно се сервисираат и работат сите лифтови за транспорт на пациенти во хируршките Клиники“, велат од МЗ.

Оттаму велат дека лифтовите за транспорт на пациенти работат, иако, еден не работи. Притоа, не се осврнуваат на лифтот за цивили кој не работи месец и половина, како што веќе објавивме.

На почеток