Порталот Магазин.мк објави фотографија од Охрид, каде што е прикажано како две возрасни жени го дистрибуираат изборниот материјал на гласачкото место Климент Охридски со бој 1249.
За јавноста се поставува прашањето зошто овие лица одат без придружба на обезбедување или пак поточно дали е тоа вообичаено да се однесуваат така со изборните материјали? Понатаму се поставува прашањето каде ги добиле овие изборни материјали и зошто не се пристапило за нивно безбедно дистрибуирање на гласачкото место. Дали исто вака ќе се постапува кога кутиите се полни и е завршено со гласањето.