Актуелно

Шилегов горд што реконструкцијата на булевар заврши за 16 дена

По 16 дена затворен булевар, гужви и нервозни возачи, потегот од Веро Џамбо до Бит Пазар сега е отворен. Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, се пофали времето за кое градот успеа да ја заврши реконструкцијата.

„Со вчерашното ноќно бележење на новиот реконструиран коловоз на бул. Крсте Мисирков, овој булевар беше завршен за рекордно време од 16 дена, од потегот кај раскрсницата кај Мавровка до мостот Мајка Тереза, во близина на МАНУ.
Ова е уште една потврда дека може да се работи брзо, ефикасно и квалитетно во интерес на граѓаните“, напиша Шилегов.

На почеток