Докторот Ненад Лазаров се огласи по изјавата на премиерот Зоран Заев за модуларната болница во Тетово. Тој смета дека нервозата е евидентна. Тој порача дека ова нема да помине, потсетувајќи дека изгореа 14 луѓе како последица на пожарот.
„Аплаузите и тапкање по рамо и на небулозни и морбидни изјави од ужи круг поддржувачи има токсичен ефект и предизвикува делузии на величина и моќ. Нервозата е веќе евидентна и си го прави своето, тој е капацитетот. Ко првото PC што го имав, сецкаше на мп3-ка ако мрдаш со маусот. Живи изгореа 14 луѓе додека беа во болница, NO PASARAN!“, напиша Лазаров.