Полицаец го јаваше коњот кој трчаше на автопатот Скопје-Тетово во спротивна насока. Видеото стана хит на социјалните мрежи. Откако прво го бркаа две полициски екипи и по пет минути трчање успеаја да го застанат, полицаецот беше принуден да се качи на запрежната кола за да го однесе во станица. Видеото е вирално на социјалните мрежи, откако беше спречена трагедија.
Тетовската полиција ќе поднесе пријава за 53-годишник од градот чиј коњ без контрола се движеше во спротивна насока на автопатот Тетово-Скопје.
– Во СВР Тетово беше пријавено дека по автопатот Тетово-Скопје, на потегот од клучката за Брвеница кон Требошки натпатник, во спротивна насока, без надзор и контрола, сам се движи коњ со запрега. Kоњот со запрега е фатен и однесен во Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово. Набрзо е идентификуван и повикан сопственикот Н.К.(53) од Тетово, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.