Триесет и тригодишна жена со иницијали З. М. од Куманово пријавила во полицијата дека била нападната во својот дом од едно лице.
Според пријавеното, лицето се претставило дека е од кабелска телевизија и побарало да наплати сметки, а кога влегла да побара пари, тој ја нападнал.
Како што е пријавено, за неколку минути дошол нејзиниот сопруг и почнале физичка пресметка со лицето, кое потоа се дало во бегство и притоа му испаднал пиштолот.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово, а пиштолот бил подигнат за вештачење. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.