Стевчо Јакимовски тврди дека не се кандидира одново за градоначалник на Карпош за да се промовира како политичка жртва во Македонија. Во емисијата „Во Центар“ Јакимовски кажа дека Орце Камчев не ја финансира неговата изборна кампања како што се шпекулира, а негираше дека воопшто некогаш бизнисменот му плаќал за промовирање.
„Ордени треба да му дадеме ако од притвори успее да финансира кампањи“, рече Јакимовски.
Јакимовски кажа дека не му се лути на Христијан Мицкоски што не го предложил да биде кандидат од ВМРО-ДПМНЕ, ниту пак, на Бранко Црвенковски кој го исфрли од СДСМ. Тој смета дека ќе ги решава проблемите на граѓаните и затоа ќе добие доверба на изборите, кои а за него, тие ќе бидат предвесници кој ќе ја земе власта во земјата.
„Водам на листите. Се она што го изработивме, очигледно се вреднува. Тоа ќе биде условот за победа на овие избори. Не можеш да бидеш празна страница и да бараш победа на избори“, рече Јакимовски.
Тој тврди дека не е скаран со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Јакимовски посочи и дека ако чуе дека бил наречен „стипендист на Заев“, „пликце“, „слуга на Заев“ од Мицкоски, како што се нарекувани дел од останатите политичари, ќе биде многу навреден.