Македонија

95 казни за возење под дејство на алкохол

Во текот на вчерашната вечер (26/27.09.2021) во периодот од 22.00 до 04.00 часот спроведена е зајакната акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол на територијата на Република Северна Македонија, при што санкционирани се 95 возачи. Од нив, 18 на територијата на СВР Битола, 17 на територијата на СВР Тетово…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

На почеток