Македонија

На границата со Грција фатени 15 мигранти од Куба, дел се обидувале да влезат, а дел да ја преминат

На 26.09.2021 во 20.40 часот во Гевгелија и во близина на граничната линија со Република Грција, од полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ од слобода се лишени 15 лица мигранти, од кои три малолетници, сите од Куба, затоа што осум од нив илегално влегле од државата, а седум се обиделе нелегално да ја преминат државната граница.

Сите биле приведени и по целосно документирање на случајот ќе им биде поднесена соодветна пријава.

На почеток