Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји, во среда ќе отпатува за Скопје, јави дописничката на МИА од Брисел. Информацијата ја потврдија службите на Европската Комисија. Програмата на посетата сѐ уште се финализира но извесно е дека тој ќе се сретне со премиерот Зоран Заев. Вархеји минатата недела беше во Бугарија каде разговараше за надминување на бугарската блокада за почеток на преговорите со Северна Македонија во ЕУ.
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен утре е во посета на Македонија, а ќе биде пречекана од премиерот Зоран Заев на платото пред Владата. Двете делегации, според агендата, е превидено да го посетат МКЦ, а во кино Фросина ќе се одржи заедничка прес-конференција на премиерот Заев и претседателката на ЕК фон дер Лајен.