Скопје

Апасиев го најави победникот на изборите во Карпош, а кандидатот ги промовира проектите

Левица на првиот ден од кампањата го отвори својот општински изборен штаб во Карпош. Таму присуствуваше скоро целата раководна структура на партијата, меѓу која беше и лидерот Димитар Апасиев. Преку фотографија со кандидатот за советник, како и кандидатот за градоначалник на Карпош, Дарко Ристовски, посочи дека тие ќе се идната власт во општината.

„Со идниот градоначалник и советник на Левица во Општина Карпош“, напиша Апасиев, додавајќи да се заокружи бројот 15.

Дарко Ристовски, кандидат за градоначалник на Општина Карпош од Левица веќе започна и со кампањата преку која ги промовира проектите. Тој најпрво уште првиот ден посочи дека жителите на општината се против платено и зонско паркирање.

„Недостатокот на паркинг простор е директна последица на неконтролираното издавање градeжни маркици и узурпација на слободниот простор со станбени згради. Локалните власти на чело со СДС, беа за воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош (Карпош 1 и Карпош 2) Kрајната цел на воведувањето зонско паркирање е прибирање на финансии од граѓаните и вработување на партиски послушници, а не решавање на проблемите со паркирањето. Членови на локалниот огранок на Левица во Карпош, во јануари годинава, спроведоа теренска анкета на територијата на Карпош 1 и Карпош 2, населби во кои се планира воведување на платено паркирање. 67% од испитаниците одговорија дека се против воведување на зонско паркирање на територијата на Општина Карпош, а 23% од испитаниците се изјаснија за воведување на зонско паркирање. При тоа 65% од испитаниците се изјаснија дека се за организирање на референдум на кој ќе може жителите да се изјаснат по ова прашање. Резултатите од оваа анкета се целосно спротивни на оние на кои се повика локалната власт предводена од СДС. Тоа е доказ дека и оваа одлука општинската администрација сака да ја спроведе насилно, спротивно на барањата и потребите на жителите“, напиша Ристовски.

Тој додаде дека ќе се заложува за други цели кога е во прашање паркирањето.

„Јас Дарко Ристовски кандидат за градоначалник се заложувам за: Забрана за за воведување на платен уличен паркинг што е предвидено согласно Локалната изборна програма на Левица за Општина Карпош. Изградба на катни гаражи како дел од предвидените капиталните проекти во општина Карпош. Изградба на паркинг, парк и детско игралиште на просторот помеѓу улиците „Есперанто“, „Ботун“ и „Војвода Васил Чакаларов“. Изградба на паркинг на ул. „Пресека“ (Влае) Реобележување на постоечките паркинг места, со цел оптимално искористување на просторот. Воведување волонтерски граѓански Паркинг-патроли за зголемување на јавната свест на несовесните возачи. Редовно отстранување на хаварисани возила од градските улици. Реконструкција на паркинг- плацот кај ТЦ „Карпош 3“ (ул. Манапо)“, напиша Ристовски.

На почеток