Скопје

(ВИДЕО) Стојкоски: Над 450 деца не можат да одат во градинка, со вложување во нови

Со ветување за нови објекти за градинки и проширување на постоечките капацитети, Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ го започна вториот ден од изборната кампања за локалните избори. Според него, 450 деца се на листа на чекање за прием во градинките во општината. Најавува решвавање на проблемот по изборите.

„Над 450 деца не можат да одат во градинка, а родителите на работа. Семејствата бараат алтернативи кој да ги чува секојдневно, бидејќи капацитетите во градинките се преполнети. Ова е сериозен проблем. Бабите и дедовците се првите „спасители“ кои наместо да уживаат во пензионерските денови, тие се вложуваат за своите внуци бидејќи се прва алтернатива за чување. Ова мора да го промениме. Имаме начин како да го направиме тоа. Вие сте причината зошто веднаш ќе започнеме да вложуваме во отворање на нови капацитети на градинки. Но не само капацитети, туку и нови објекти за градинки низ Ѓорче Петров. Ветуваме менаџирање, не политиканство. Тоа и ќе го спроведеме. Вложување во грижата и образованието за младите. За тоа ќе ги вложиме и трошиме вашите пари.Заедно да создадеме подобра иднина!“, напиша Александар Стојкоски, кандидат за градоначалник на Ѓорче Петров од ВМРО-ДПМНЕ.

На почеток