Активистот и еден од носителите на листата на советници на Зелен Хуман Град, Горјан Јовановски, реши да се лути за проблемите со велосипедските ленти во градот, буквално. Тие и буквално ја имаат најпозитивна кампања за овие локални избори.
„Предизвик: Горјан треба да ја извози улица Московска по постоечките велосипедски ленти, но секогаш кога ќе наиде на автомобил што го попречува неговото безбедно движење, треба да земе гриз од луто пиперче! Дали ќе успее да се избори со огнот и да не се предаде на нефункционалните ленти, или ќе подлегне на лутината на ифрит пиперчето? Да видиме! Иако Град Скопје не е надлежен да ги отстранува лошо паркираните автомобили од велолентите (тоа е работа на МВР), сепак велопатеките и лентите што ги изведува градот мора да овозможат максимална безбедност на граѓаните што решиле да користат велосипед Да не се лутиме за проблемите, туку да дозволиме на докажани активисти и волонтери да ги водат позитивните промени – гласај за ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД: 119 – Драгана Велковска, носителка на листата на советници за Град Скопје на Зелен Хуман Град 104 – Ана Петровска, кандидатка за градоначалничка за Град Скопје на Зелен Хуман Град“, велат оттаму.