Ние не предвидуваме туку знаеме и имаме конкретно решение за проблемот со паркирањето, рече Горан Герасимовски кандидатот за градоначалник на СДСМ и Коалицијата во вчерашното гостување во „Само Вистина“ на Канал 5.
Герасимовски зборуваше за недостатокот од паркинг местата во најгустите населби во Општина Центар. Тој рече дека има направено детална анализа во секоја урбана заедница, секое маало со кои предизвици се соочува и дали е тоа во делот на урбанизмот, хигиената или можеби зеленило.
„Во делот на паркирањето најгусто е во Буњаковец, Дебар Маало и Капиштец , за истите три нудиме соодветни решенија. Нови паркинг места, продолжување на „Народен фронт“, паркирањето на монтажната гаража на цела на „Народен фронт“ понудуваме односно имаме готово решение со 200 нови паркинг места. Во Дебар Маало нудиме нови паркинг места односно ново зеленило на општинската зграда, нова општинска зграда којашто ќе биде помала во делот на бараките и предвидуваме односно дефинираме 300 нови паркинг места по цела парцела на општинската зграда. Дополнително резидентни паркинг места во цела Дебар Маало и во сите овие три населби коишто се проблематични во делот на паркирањето. Нова катна гаража во Буњаковец 220 паркинг места и уште една нова катна гаража збогатена од страна со поголем дека неколку илјади метри квадратни зеленило и нова зграда на ПУИК каде што и таму предвидуваме 210 паркинг места“, рече Герасимовски.
Новите паркинг места за кои зборуваше Герасимовски се прецизирани со рокови. Тој напомена дека не станува збор за проекти за кои вика „треба да се направат“ туку решенија кои со сигурност ќе се реализираат во 2022, 2023 и 2024 година.