Свет

ВИДЕО: Потоп во Словенија, само во Љубљана се под вода повеќе од 500 згради

Силно невреме синоќа ја зафати Словенија и поплави повеќе од 500 згради само во Љубљана. Дежурните служби имале повеќе од 2.700 повици од граѓани во перидот меѓу 20 часот и полноќ.

Патиштата се полавени како и подземните гаражи. Уништени се бројни автомобили, луѓе беа заглавени во нивните автомобили во многу висока вода.

Проблемот настана поради тоа што огромна количниа дожд падна за многу кратко време. Во Љубљана паднаа 88 литри на метар квадратен, што спрема податоците е нешто што се случува еднаш во 250 години.

На социјалните мрежи се појави драматична снимка од театарот во Љубљана. Од таму велат дека кровот попуштил и водата навлегла на слената. Ова се случувало за време на предства.

„Вакво нешто не е видено во историјата на театарот“ – изјави портаполот.

На почеток