Актуелно

ИЈЗ: Две деца и маж добиле воспаление на мозокот од западнонилска треска

Три случаи на западнонилска треска се регистрирани во Северна Македонија, кои резултирале со воспаление на мозокот. Се работи за две деца и едно повозрасно лице. Тие се евидентирани во месечниот извештај на ИЈЗ за месец август.

Според извештајот, вирусот на западнонилска треска бил лабораториски детектиран кај 8-годишно девојче од Струмица, 11-годишно момче од струшко и 69-годишен маж од Стајковци, сите на болничко лекување поради воспаление на мозокот.

Западнонилска треска се пренесува со убод од комарец, а кај мал дел од заразените се манифестира со тешки невролошки симптоми.Овој опасен вирус не се пренесува преку контакт меѓу луѓето. Едно лице може да бидат инфекцирано само ако е каснато од заразен комарец, а симптомите се јавуваат 3 до 14 дена по заразувањето.

Болеста се манифестира со треска и главоболка, вкочанетост на вратот, дезориентација, кома, замор, конвулзии, мускулна слабост и парализа.

На почеток