Македонија

Одел на лов со оружје без дозвола, МВР му поднесе кривична на ловџија

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“, ОВР Кичево поднесе кривична пријава против М.Б.(38) од селото Долно Крушје, општина Македонски Брод.

Тој, на 01.11.2020 околу 11.15 часот, кај месноста „Челојца“, атар на кичевското Ново село, бил затекнат во лов, при што било констатирано дека нема дозволи ни за поседување на оружје, ни за лов. Притоа, одземен му е ловен карабин марка „Црвена застава“ и 10 куршуми.

На почеток