Денеска (30.09.2021) во 01.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека од неколку лица, кои се движеле со две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки, е извршено оштетување на изборен рекламен материјал на политичка партија на неколку различни локации.
Возилата биле сопрени од полициски службеници на СВР Тетово и било утврдено дека возилото „ауди“ го управувал М.Т.(63) од Тетово, а возилото „голф “ го управувал Џ.К.(34) од тетовско. Во возилата биле уште две лица. Во координација со Јавен обвинител се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.