Најмалку три лица загинаа, а 30 се повреден во тешка сообраќајна несреќа на автопатот кај Лесковац. Според РТС, автобус кој патувал од Скопје кон Белград се превртел откако возачот не успеал да воспостави контрола на лизгавиот автопат.
Според некои српски медиуми, станува збор за прилепски автобус, кој патувал на релација кон Виена.
Сообраќајната несреќа се случила во 1 часот и 40 минути по полноќ. Екипи на брза помош од Лесковац и Ниш пристигнале на местото на несреќата. Повредените патници се пренесени во болниците во овие два града, а сите пповредени , од кои некои потешко, се надвор од животна опасност.