Голем пожар уништи повеќе од 200 куќи на островот Гуанаја, крај брегот на Хондурас, принудувајќи стотици жители да се евакуираат од оваа туристичка дестинација.
Четири лица се повредени во пожарот, кој целосно уништи 90 куќи и оштети уште 120, вклучително и некои деловни објекти, потврдија властите на Хондурас.
„Можеме да потврдиме дека немаме жртви, туку само огромна материјална штета“, рече Мек Гонзалес, директор на Агенцијата за вонредни ситуации во Хондурас, пренесува Ројтерс.
Драматичните видеа објавени на социјалните мрежи покажуваат редови на крајбрежни куќи зафатени од пламен и дрвени куќи кои се уриваат на Гуанаја, карипски остров на околу 70 километри од северниот брег на Хондурас.
Пожарот избувнал пред зори, а жителите сами се обиделе да го стават под контрола бидејќи на островот нема противпожарна служба.