Страшна несреќа се случи во Србија, во која загинаа две девојчиња на возраст од 5 и 7 години.
Најверојатно децата претрпеле струен удар. Според неофицијални информации, децата се капеле во кадата кога дошло до струен удар. Во станот тогаш имало уште едно тригодишно дете.
Мајката работела во моментот на несреќата, а децата биле сами во станот. Ја наполниле кадата со вода за да се искапат и како што се сомневаат водата во еден момент почнала да се излева, а потоа некаде дошло до струен удар. Водата почна да тече од 6 -тиот кат каде што живеат, до долните катови. Соседите сфатија дека нешто се случува.
Околу 15.40 часот, еден од соседите се јавил во дежурната служба и пријавил дека има поплава во станот и дека некој бара помош.
Патролата веднаш излегла на местото на настанот и утврдила дека во станот има три деца, од кои две со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Здравствениот дом каде се обидувала реанимација, но девојчињата не биле спасени. Третото дете нема повреди и е пронајдено во креветот.
Истрагата е во тек и ќе ги покаже причините за несреќата.