Актуелно

Заев за спорот со Бугарија: Има позитивни поместувања, секој човек има одредени моменти на необјасниви застои во својот живот

Со подадена рака, премиерот Зоран Заев ќе ги надминува проблемите со Бугарија. Тој верува дека со конкретни гестови и одлуки ќе се испрати пораката за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Според него, ЕУ знае дека Западен Балкан и треба, а тоа се гледа од проектите кои взаемно се спроведуваат.

„Секој човек има одредени моменти на необјасниви застои во својот живот, така е и со државата и со политиката. Ние треба да соработуваме. Изјавата на Јанев е добра позитивна порака. По позитивен пат се движиме. Иако работат технички работи, тоа е патот. Во среда во Словенија ќе имаме состанок со Радев, со претставници на ЕУ, канцеларката Меркел, Макрон, каде ќе потврдиме дека тоа е патот. Кога ќе завршат изборите политичарите се поразумни. По завршени избори тоа е првата шанса. Ние треба да ги разбереме нив, тие нас“, рече Заев.

„Ова се решава билатерално и ние разговараме билатерално, имаме позитивни поместувања, билатерално. Тоа е причината поради што ќе се приближиме кон решение“, рече Зеаев.

Владата во Софија има намера да го продолжи курсот што досега го водеше во однос на Македонија, односно да го заштити бугарскиот национален интерес на најдобар можен начин, истакна бугарскиот премиер Стефан Јанев во изјава за БНТ, додавајќи дека, сепак, не треба да се дозволи спорот да се пренесе во ЕУ.

– Бугарија мора да се фокусира на дијалог и постојан контакт. Да се бара решение со властите во Република Северна Македонија во име на нашата заедничка иднина. Бугарија сака нормален дијалог, сака да го запре јазикот на омразата, како и воспитувањето за омраза кон Бугарија. Така овие работи ќе се решат и ќе се најде вистинската формула – порача Јанев.

На почеток