Македонија

Заев: Бракот меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Алијанса е осуден на развод, не одат заедно „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“

Кај ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски нема ништо ново освен лажни вести, лицемерие, деструкции и обиди да се врати режимот, пак да глумат локални шерифи, пак да ги крадат парите од народот, за пусти пари и власт влегоа дури во брак со Алијанса на Албанците, кој е осуден на развод, порача вечерва од Тетово претстедателот на СДСМ Зоран Заев.

Тој нагласи дека ќе се разведат уште во ноември, бидејќи „Чиста Македонија“ и „Македонци варвари“ не одат заедно, затоа што и членовите на ВМРО-ДПМНЕ нема да гласаат за Алијанса и Алијанса нема да гласа за ВМРО-ДПМНЕ, зашто се како два остри камења што се тријат и затоа ќе си останат и во опозиција и таму некаде во минатото.

Одовде, од Тетово им порачувам дека есапот од белата палата на пазарот нема да им излезе, помина тоа време на деструктивните сили во државата, а помина и времето кога на име на меѓуетничките односи го билдаа својот рејтинг, шушкајќи ги луѓето да се мразат меѓу себе, да го повампируваат национализмот кај граѓаните, да го будат нечовекот во човека, порача Заев.

Тој ги повика и Мицкоски и Села да си признаат дека меѓунационалните односи никогаш не биле подобри од денес.

Ете затоа никој веќе не зборува за тоа, оти заедништвото во Северна Македонија се подразбира, рече Заев.

Тој додаде дека сега, за овие локални избори порачуваат ,,создади нова иднина”, оние кои кои 11 години ги заковаа граѓаните и земјата во оковите на минатото, истите тие сега зборуваат за иднината, и не велат дека создаваат нова иднина, туку му се обраќаат на гласачот тој да создаде нова иднина.

Знаат и самите дека таа иднина започна да се создава со нивното паѓање од власт и дека истата продолжува понатаму, затоа што и овојпат граѓаните ќе го изберат најдоброто за нив, најдоброто за нивните општини и најдоброто за татковината, порача од Тетово, претседателот на СДСМ Зоран Заев.

На почеток