Македонија

Маж и две жени се загинатите во автобусот на „Еуробус“ кој се преврте кај Лесковац

Маж и две жени се тројцата загинати во тешката сообраќајна несреќа што се случи ноќеска околу 1.40 часот, кога на влезот во Лесковац, Србија се преврте македонски автобус, пренесе изјава од лесковачката болница српската агенција Бета. Во тек идентификацијата на загинатите.

„Во врска со автобуската несреќа во Србија, министерството за надворешни работи на Република Македонија преку Амбасадата на Република Македонија во Белград стапи во контакт со претставниците на надлежните служби во Србија и за сега како официјална потврда од српските власти ги имаме добиено следниве информации: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Станува збор за автобуски превозник од Струга, со регистарски таблици Euroturs SU 3325 AC. Министерот за здравство Венко Филипче, Ген сек на Влада Драги Рашковски и претставник на амбасадата на РМ во Белград се упатија кон местото на несреќата. Се чека на дополнителни официјални информации, кои како што ќе ги добиваме ќе ви ги пренесуваме.“, соопштија од македонското МНР.

Возачот и совозачот не се повредени, но според Бета, кажано им е дека не смеат да даваат изјави за медиуми. Според Бета, автобусот тргнал од Битола кон Виена, а имало патници од Битола и од други градови од Македонија. Еден од повредените за агенцијата изјавил дека не знае како се случила несреќата оти сите спиеле.

„Кога се разбудив чув врескање. Видов луѓе со крвави глави и раце, а некој рече дека има и загинати. Не знам кој повика итна помош и полиција но набргу стигнаа неколку амбулантни коли и лекарите влегоа во автобусот. Веднаш ни пружија помош. Потоа стигнаа пожарникарите и сите заедно нè извлекоа од автобусот“, рече за Бета момче од Битола кое во сообраќајката ја повреди раката.

Во болницата во Лесковац префрлени се 28 повредени патници, а во Ниш четворица. Според началникот на Хирургија во Лесковац, 4 пациенти згрижени таму се со тешки повреди но се вон животна опасност, 23 згрижени во Ургентниот центар имаат полесни повреди, а на домашно лекување се пуштени 14, но ќе останат во лесковачката болница до обезбедување превоз за Македонија.

Автопатот кај Лесковац е чистен, но завеан е и на места е замрзнат. Автобусот ја пробил заштитната ограда и се превртел, а во меѓувреме е исправен и околу него дежура полиција и санитетско возило.

up-date за состојбата со повредените: До моментов идентификувана е само 1 жртва, маж на возраст од 68 години. Имаме потврда и за 2 жени дека се загинати, но истите не се идентификувани. Има вкупно 32 повредени лица од кои 28 се вон животна опасност и истите се згрижени во општата болница во Лесковац, од кои 4 се на хирургија, 1 на ортопедија. 4-та повредени со тешки телесни повреди се наоѓаат во животна опасност и се префрлени во Клиничкиот центар во Ниш. На сите ќе им биде озбезбедено сместување, доколку имаат потреба за преноќување

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток