Спорт

Пионерскиот Куп на Македонија постави два рекорди

Над 130 деца беа дел од Купот на Македонија за пионери/ки кои викендов се одржа на Националната Арена „Тодор Проески“ во Скопје. Учество земаа атлетичари/ки до 16 години и помлади. Ова натпреварување беше од екипен карактер.

И на овој Куп на Македонија беа поставени рекорди и тоа во две женски дисциплини.

Теа Алексовска (родена 2006 година) од АК Куманово постави рекорд во дисциплината фрлање на диск, оствари резултат од 38,02.

Вториот рекорд и припадна на Јумна Фетаху (роден 2008 година) од АК 7 мај, во фрлање на ѓуле оствари резултат од 10,47.

Севкупен победник е АК Работнички, освои 38 бодови во машка конкуренција, додека 44 бода во женска конкуренција. На второто место во двете категории се најде Лириа.

На почеток