Комитите направија вистинска навивачка ракометна атмосфера на дуелот Вардар-Еурофарм Пелистер. Откако поради коронавирусот трибините беа празни или полупразни изминатите година дена, вечерва на дуелот Комитите ги бодрат вардарци на трибините без престан.
Во првото полувреме, дуелот заврши со резултат 15-11. Мечот е неизвесен од почетокот до крајот, двата тима не даваа многу голови, но играа израмнето. Прв стрелец на Вардар е Дибиров, додека во Еурофарм Пелистер најмногу голови во првото полувреме имаше Мандалиниќ.
Мечот може да се следи и во живо на МРТВ5.
