Изборниот спот на Рамиз Мерко е вистински хит на интернет. Најголем дел од коментарите се шеги, а видеото наиде на голем потсмев. На спотот, Мерко трча маратон со своите поддржувачи, а во позадина, на албански јазик, се коментира „натпреварот“. Во моментот, кога Мерко ќе ја достигне целта, која веројатно значи победа на избори, тој застанува и ги чека другите негови соработници/поддржувачи.
„Браво бе Рамиз ги искина на 24метри без пречки“, „Барајте оштета од типот кој ве зае*ал со дебилнава реклама“, се дел од коментарите кај Мерко.
Актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, е кандидат на ДУИ и на претстојните локални избори. Артан Груби очекува ДУИ уште еднаш да победи во Струга, а Мерко да го добие и четвртиот мандат во градот.
