Актуелно

Плинот со рекордно висока цена

Авто-плинот, или течниот нафтен гас, кој станува се повеќе популарен во Македонија, од денеска се точи по 41,5 денари на слободниот нерегулиран пазар.

Пред две години во овој период тој чинел 10 денари помалку од денеска односно 32 денари за еден литар плин.

Од денес на повеќето малопродажни објекти плинот е со покачена цена за литар. Цената на авто-плинот (тнг) се зголеми за 2,5 денари, додека за останатиот дел објекти новата цена на плинот ќе стапи на сила од вечерва.

Инаку цената на авто-плинот не е државно регулирана.

На почеток