Македонија

ЦИВИЛ бележи технички проблеми и нерегуларности на почетокот на Референдумот

Набљудувачите на ЦИВИЛ (307) се распоредија низ целата земја и го набљудуваа почетокот на референдумското изјаснување во Република Македонија. На самиот старт се забележани помали технички проблеми. Не работат УВ ламбите во неколку избирачки места во општина Петровец. Во неколку скопски општини се нотира доцнење на отворањето на избирачките места. Оние избирачки места каде што доцнењето е подолго од 15 минути, избирачките одбори имаат обврска за исто толку време да го продолжат гласањето на тоа место.

Видливи се трагите од кршењето на изборниот молк во голем број општини низ целата земја. Некои графити се и на самите училишни згради каде што се одвива гласањето, како што е случајот во Јегуновце (на фотографијата) и Петровец.

Се бележат и повеќе други помали нерегуларности за што ЦИВИЛ ќе ја извести јавноста на првата прес конференција во 10:30 часот, во хотел Сити Парк.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток