Низ целата територија на Републиката сообраќајот се одвива тековно по влажни коловози.
Слаб снег провејува во северо источниот дел од Републиката кој не се задржува на коловозот. Поради интензивни врнежи од снег се воведува задолжително употреба на зимска опрема за сите моторни возила на патниот правец Кочани-Делчево-Берово. На одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.
Од 14 часот попладнево е укината забраната за тешки товарни возила на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир“, велат од Македонија пат.
Оттаму апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.