Македонија

(ФОТО) Охрид го спушти јарболот во центарот на половина копје

Утре во Охрид е ден на жалост, поради смртта на градоначаникот Јован Стојаноски. Јарболот во центарот на градот е спуштен на половина копје.

Утре, ќе се одржат комеморации во општината и Факултетот за туризам и менаџмент, каде Стојаноски беше професор.

Погребот на Стојановски ќе се одржи во понеделник во 14 часот на Градските гробишта во Охрид, а посмртните останки ќе бидат изложени во Градската капела од 12 часот.

Премиерот Зоран Заев, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, министерот без ресор во Владата на Република Македонија задолжен за дијаспора Едмонд Адеми веќе го потврдија присуството на комеморативната седница која ќе се одржи утре во Општина Охрид, но и на погребот на градоначалникот Јован Стојановски.

Јован Стојановски за градоначалник беше избран во октомври минатата година. Тој беше и еден од најзначајните кадри од раководителите во локалната организација на СДСМ во Охрид.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток