Претпладнево во Прилеп се одбележа 11 Октомври – Денот на народното востание.
Активисти на политичката партија Левица застанаа пред меморијалниот комплекс Могила на непобедените и го попречи патот на државните делегации кои требаше да положат цвеќиња.
Делегациите од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски, од Владата, од Собранието, од Армијата, од Сојузот на борци, дипломатски делегации и други, мораа да ги заобиколуваат за да стигнат до местото каде требаше да положат цвеќе и да оддадат почит.