Свет

Уапсена е жена што лажирала анкети за Себастијан Курц

Во Австрија е уапсена Забина Бејншаб, која го фалсификуваше истражувањето во корист на партијата ОВП на Себастијан Курц, пренесуваат австриските медиуми.

Поранешната асистентка на поранешната министерка Софи Карманис е обвинета за фалсификување истражувања во корист на Курцовата Народна партија на Австрија (ОВП), а потоа тоа го објавувала за пари во бесплатни весници.

Весникот „Кронен цајтунг“ пишува дека Бејншаб е уапсена и дека таа е клучна личност во аферата за Курц во врска со лажните анкети за јавното мислење.

Во истражувањето Курц секогаш бил прикажуван особено позитивно, а неговиот противник во борбата за функцијата шеф на партијата, Рајнхолд Митерленер, бил прикажан негативно.

Истражните органи се одлучија за предвремено апсење поради опасност од прикривање на доказите бидејќи Бејншаб непосредно пред претресот во нејзиниот стан го избришала харддискот од својот компјутер.

Апсењето дојде точно на денот кога првите истраги по падот на Курц покажаа драматичен пад на неговата партија.

На почеток