Свет

ВИДЕО: Тензично на Косово, употребени солзавци

Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош, објави „Косово онлајн“, пренесува „Б92“.

-Сѐ што ве интересира добивате со еден клик -

„Косово онлајн“ објави дека косовската полиција влегла во една од аптеките во градот за да ги провери царинските документи.

По ова, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок бомби и солзавец, а Србите фрлале со камења.

Според некои наводи на очевидци, во тек е заплена на српска стока.

Според порталот „Косев“, незадоволни Срби одговориле со камења, по што косовската полиција фрлила солзавец. Причинета е материјална штета на неколку автомобили паркирани во близина.

По инцидентите, косовската полиција објави соопштение во кое се наведува дека во раните утрински часови е почната операција со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејствија, особено во борбата против криумчарењето стока.

Според соопштението, акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица, пренесува „Косово онлајн“.

„Сите полициски операции се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на инспекциски надзор и претреси на различни локации како што се куќи, станбени и деловни простории, магацини. Како резултат на интензивните акции и професионални дејствија на косовската полиција и царината, запленета е разновидна стокиа која служи како материјален доказ“, се вели во соопштението.

To Top