Актуелно

(ВИДЕО) Хаос: Пукотници на Косово, застрелан Србин!

Во северниот дел на Косовска Митровица, во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се на улица. Полицијата користи солзавец, а медиумите пренесуваат дека еден Србин бил застрелан.

Како што пренесува Косово онлајн, косовската полиција која дошла од Јужна Митровица упаднала во една од градските аптеки за да ги провери царинските документи на Косово.

После тоа, луѓето се собрале, изразувајќи незадоволство од акцијата, а ситуацијата ескалираше кога косовската полиција започна да фрла шок бомби и солзавец.

Како што објави Коха диторе, уапсени се најмалку три лица. Во акцијата беа повредени шест полицајци – пет Албанци и еден Србин, се наведува во соопштението на полицијата.

Според последните информации на Косово онлајн, шест Срби биле примени во КВЦ Косовска Митровица. Во најлоша состојба е маж од Звечан, кој бил застрелан одзади во пределот на градниот кош.

На почеток