На минатото рочиште се читаат пораки од телефони на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, како и од нивната вибер група, како дел од дополнителни докази од Обвинителството.
За случувањата во Собранието на 27 април 2017 година обвинети се вкупно 33 лица, од кои 31 лице за терористичко загрозување на уставниот поредок на државата и двајца за поттикнување.
Претходно поради влошена здравствена состојба на обвинетиот Сашко Марковски постапката за него беше одвоена.
Меѓу обвинетите се повеќе пратеници, вработени во МВР и собраниското обезбедување, уметници. Тие пред Судот кажаа дека го разбираат обвинението, но не се чувствуваат за виновни.