Актуелно

Доктор Даниловски со свои очекувања кога ќе заврши епидемијата

Епидемиологот д-р Драган Даниловски вели дека поради студеното време и затворените простории ќе има зголемување на бројот на позитивни од Ковид-19, но не очекува дека тоа ќе создаде нов остар бран.

– Ќе се соочиме со едно покачување на бројот на новите случаи, но не мислам дека епидемиската крива ќе биде во облик на шилец, туку тоа ќе биде една крива која што ќе има едно зарамнето плато со не многу висока амплитуда. Ако се биде како што треба и не се појави некоја нова варијанта, целата епидемиска приказна ќе заврши најверојатно со настапување на пролетта, рече докторот во вестите на Канал 5.

Според поранешниот министер за здравство, со грипот секоја година ќе има и сезона на корона. Даниловски вели дека вирусот ќе ја загуби силата, но секоја година ќе има сезона на корона.

Професорот додаде дека наставата со физичко присуство не претставува ризик со висок епидемиски потенцијал.

На почеток