Коментари

Апаратите за отисок останаа за украс, се гласа со оставање отисок на хартија

Првпат на Локалните избори 2021 во процесот на гласање ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите. За потребите на 3480 избирачки одбори ДИК  набави 4000 терминали.

Но, граѓаните на социјалните мрежи сведочат за негативното искуство со овие уреди.

„Гласав, но морам да напишам дека апаратите за идентификација ‘фингерпринт’ се чиста глупост и пари фрлени. Голем дел од гласачите не ги идентификува со отисок, па дури и со користење на лична карта во самиот апарат, како што беше и во мојот случај и, на крај, одобрено ми беше гласање со отисок од прст на самиот список. Така што, пак ќе кажам – огромни пари фрлени“, е еден од коментарите на фејсбук.

Даштевски на првата прес-конференција посочи дека во одредени избирачки места кои се во помал број се појавиле одредени потешкотии со уредите.

– Дел од нив се веќе надминати, а дел тековно се отстрануваат со помош на техничките лица. Во некои избирачки места поради лоши отпечатоци не можат да се препознаат, но гласањето тече со оставање на отпечаток на хартиениот избирачки список во кој се запишани гласачите и се овозможува да гласаат понатаму, вели Даштевски кој посочи дека вакво известување добиле сите општински изборни комисии.

 

 

На почеток