Скопјанец е теко повредне по пад со мотор. Според полицијата, несреќата се случила вчера околу 20 часот на крстосница со улица “Димитрие Чуповски” и улица “Мито Хаџивасилев Јасмин”.
Н.К.(39) од Скопје управувувајќи мопед “Кимико Агилити” со скопски регистарски ознаки изгубил контрола над мопедот и паднал на коловоз. По незгодата бил пренесен во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде од страна на доктор му биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.