Ексградоначалникот на Карпош и лидер на партијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски на денот на референдумот пече пиперки за ајвар во неговиот дом.
Јакимовски го бојкотира референдумот уште кога беше изгласано одржувањето од страна на Собранието. Тој во повеќе наврати го повтори истиот став, дека нема да излезе на гласање, со цел, да не се обезбеди цензус и да пропадне референдумот.
