Новинарката Јорданка Ивановска-Јоци која е политиколог и жесток критичар, му порача на актуелниот градоначалник и кандидат на СДСМ, Александар Наумоски, дека лета сосе партали. Ова доаѓа откако ВМРО-ДПМНЕ победува со Александар Стојкоски во прв круг во оваа општина.
„Како што сега видов, по неколку часа застој на ДИК, вмровци ја добија во прв круг и општината ЃорчеПетров.
Саше лета сосе партали, а може да си ја земе кравата и млекцето, да си музи по дома док рони солзи со завршена политичка кариера. А, не е дека не му кажав пред две недели што го чека. Со тоа вмровци, освоија 5 општини во Скопје: #ГазиБаба, #КиселаВода, #Аеродром, #Бутел и #ЃорчеПетров Арсовска води со 7.000 гласа пред Шилегов. А, на добар пат се да го освојат и Карпош со Стевчо во втор круг. Во Центар ќе има втор круг“, напиша таа.
