Колку власт ви треба, доживотна ли треба да е, за еден здраворазумски чекор, еве почнувајќи од домот на Владата.
Преубаво делува најавава за изложбата во Атина околу изградбата на Скопје после земјотресот. Има многу тука симболики, меѓу кои и солидарноста, како и повикот на таа архитектура, свест, таа југословенска култура и цивилизација која живее и ќе живее некаде во иднината.
Но, што правиме со сегашноста?!
Скопје е релегирано во музеи, неговата современост и модерност се сведени на музејски експонати. Нашиот град и официјално е минато затворено зад милион школки, интереси и бизниси, и не сме способни да го изградиме повторно.
Но, градењето овој пат треба да се сфати метафорично. Бидејќи овие дечки градат и те како, ама градат како претходните, само дополнително уништувајќи го градот.
Ќе се освестите ли? Ќе „излупите” ли еден споменик на културата, симбол на изградбата на Скопје, некое од светски признатите архитектонски ремек дела. Ќе го ослободите ли конечно плоштадот? Ќе запрете ли со криминалот, со дехуманизацијата, со загадувањето?
Колку власт ви треба, доживотна ли треба да е, за еден здраворазумски чекор, еве почнувајќи од домот на Владата.
Од кого ние нешто очекуваме, тие една ограда не се во состојба да отстранат.
(ФБ статус на авторот)